За сите љубители на пивото
Monday, May 13, 2013
Видови на пиво
Има буквално илјадници видови на пиво, затоа што комбинациите од
различни житарици, хмељ, квасец и начин на производство се неограничени.
Всушност постојат повеќе различни варијанти на пиво одколку на вино
иако околу 90% од пивото се произведува и пие како униформиран светол
lager. Пиварите се обидуваат да постигнат унифициран вкус, без варијации
во зависност од годината, што е исто така карактеристично за виното.
Пивото се класифицира според неколку критериуми но да не комплицираме
многу, ќе ги наведеме најважните и најчестите видови на пиво.
Основната подолеба на пивото е според методот на ферментација. Според
методотна ферментацијата пивата се поделени во две големи категории: Lager и Ale.
LAGER
При ферментацијата на lager пивата, квасецот се спушта на дното, ферментацијата се одвива споро и на ниска температура. Овој вид на пиво има потекло од Чешка и Баварија и традиционално се остава да стои во темни и ладни пештери, од каде и го добило името (Lägern на германски значи „се остава да одлежи“). Има кратка историја, а тоа значи околу 200 години. Со овој метод на ферментација се добива пиво во кое нема остатоци од шеќер (пивото е суво) и има чиста арома. Денес поголемиот број на пивата спаѓаат во оваа категорија. Постојат голем број на подвидови на lager пивата, а ние ќе ги споменеме најпознатите.
Pilsner
Pilsner е lager пиво и е едно од најмладите видови на пиво во светот. За првпат е направено во Плзен, Чешка во 1842 година и веднаш станало хит. Карактерично за ова пиво е што се користи посебен вид на хмељ (saaz) кој на пивото му дава уникатна, свежа билна арома. Најдобар преставник на ова пиво секако е оригиналот Pilsner Urquell. Некои pilsner пива се екстремно суви со изразена горчина на хмељлот. Најдобар пример за овој стил на pilsner е германското пиво Jever.
Helles
Традиционално светло пиво од Баварија. Се разликува од Pilsner пивото по поблагиот и помекиот вкус, а вкусот на хмељ не е толку остар. Одлично пиво кога е свежо.
Weissbier, Weizenbier (Пиво од жито)
Карактеристично алпско пиво, што значи дека потекнува од Австрија и Германија. Има карактеристична арома која ја добива од житото иако во него има и јачмен. Се карактеризира по тоа што е помеко и погусто од pilsner пивата но и поблаго. Не е прозирно поради тоа што житото не легнува по завршувањето на ферментацијата како јачменот. Познати Weissbier пива се: Paulaner Weissbier, Erdinger Weissbier.
ALE
Ale е пиво кај кое квасецот ферментира на повисока температура. Пред појавата на Pilsner пивата сите пива биле правени според овој метод. Ферментацијата кај овие пива не го завршува во целост претворањето на шеќерот во алкохол, па затоа пивата се погусти и поблаги, но не се толку суви како Lager пивата. Исто така оваа ферментација не е толку „чиста“ и поради тоа се добиваат многу нуспроизводи, што на овие пива им дава значајно поголема комплексност одколку на lager пивата. Денес Ale пивата најчесто се пијат во Северна Европа и тоа најмногу во Белгија, Франција и Британскиот остров. Понекаде се пие и Lager, затоа што има потешка и покомлесна арома, што на повеќето љубители на пиво кои сакаат добро освежување не им одговора.
Белгиско манастирско пиво
Крал на сите пива. Најпознато пиво е trappist кое се прави единствено во белгиските и холандските манастири. Од најдоброто, најдобро е пивото Westvleteren. Ова е trappist пиво кое се прави во манастир кој се наоѓа во западна Фландрија и најверојатно е единственото пиво кое нема етикета. Сите податоци се наоѓаат на тапата. Но тоа не го спречило да биде прогласено за најдобро пиво во светот во 2006 година. Пивото произведено во манастирите обично е многу тешко, комплексно и најчесто е темно. И многу е јако, најјакото пиво има околу 12% алкохол. Најдобри примери на белгиско пиво се Chimay (trappist) и Leffe (пиво од манастир).
Kriek
Уникатно белгиско пиво од околината на Брисел. Го карактеризира спонтана ферментација во отоворени садови. Ако некој сака да проба пиво како што се правело во средниот век, пред да почнат да се применуваат некои основни хигиенски стандарди тогаш треба да проба Kriek или уште подобро неговата основа – gueuze. Кога се работи за gueuze најверојатно нема ни да поверувате дека пиете пиво затоа што е кисело, релативно темно, нема горчина на хмељ и нема меурчиња. Сепак одлично освежува. А ако на gueuze му додадете и диви вишни тогаш ќе добиете kriek пиво. Овошјето малку ја ублажува киселоста на ова пиво. Најдобар пример е Belle-Vue Kriek.
Белгиски Златен Ale
Култно белгиско пиво. Светло и освежувачко исто како и lager пивото, но истовремено со комплесност на врвно ale. Ферментира три пати и тоа секогаш на различна температура. Иако изгледа јако како и секое друо пиво има 8,5% алкохол. Најдобар пример е Duvel пивото.
Stout
Англиско Ale пиво. Во процесот на правење се употребува малку кармелизиран и пржен јачмен, што на ова пиво му дава арома на чоколадо и кафе. Иако за прв пат е произведено во Лондон, светската слава ја добива во Ирска, во Даблин. Да, зборуваме за Guinness. Денес пиварата Guinness е најголемата во светот. За разлика од белгиските пива, англиски и ирските ale пива не се толку јаки, а некои од нив имаат и помал процент на алкохол од lager пивата.
Imperial Stout
Врвно stout пиво. Многу густо, темно, скоро кремасто пиво и има околу 7% алкохол. Ова пиво е по потекло од Англија и е напревено за потребите на царска Русија. Најдобар пример е Samuel Smith’s.

Sunday, May 12, 2013
Неговото височество - Пивото
Пивото е најпопуларниот алкохолен пијалок кој настанува со ферментација
на скробеста супстанца (житни растенија: јачмен, хмељ), кој не е
дестилиран по ферментацијата. Производството на пиво и некои други
алкохолни пијалоци често се нарекува превривање. Историски, пивото е познато од Античките Египќани
и Месопотанци, и датира од пред 4000 год. п.н.е., но овие пива биле
сосема поинакви од денешните Скопско, Даб, Горско или Хајнекен. Поради
тоа што состојките што се користат за производство на пивото се различни
од место во место, особините на пивото (типот, вкусот и бојата) многу
се разликуваат.
Постојат земји каде конзумацијата на пиво, помеѓу другите алкохолни пијалоци , е забранета.
Месопотамија. Овде пивото датира пред околу 4000 години. Првичниот рецепт за пиво е стар колку и Вавилонците. Се смета дека овој пијалок многу брзо се раширил на различни места почнувајќи од ловот се до развојот на земјоделието преку ферментирањето на растенијата и финалното производство на алкохол.
Нов Зеланд. Пивото овде бил непознат пијалок се додека не бил воведен од страна на Европејците во 1800 –ите години. Првото пиво овде било направено од зелено стебло и било наменето како лек за скорбут. Капетанот Кук сам си го правел овој пијалок уште во 1770 и функционирал.
Монголија. Во 2010 година Монголија освоила златен и сребрен медал за мешање на пивото.
Перу. Пиењето на пиво во Перу е ритуал кој секогаш се врши во друштво, еден купува флаша пиво, става во чаша, ја префрла флашата на следниот до него, пие, го фрла остатокот на земјата, тогаш ја пренесува чашата на тој до него кој го повторува процесот. Оној кој последен ќе пие купува нова флаша.
Австралија. Сите големи пивари во Австралија ги поседуваат само три фирми. Една, која им е најпозната на Американците е Фостер која произведува само пиво за извоз.
Кина. Најголемиот пазар за пиво во светот е Кина, каде се консумира пиво повеќе од било каде. Сепак, ова не значи дека кинезите се најголемите потрошувачи, туку дека има највеќе луѓе во Кина. Пиварите кои произведуваат пиво гледаат да извлечат корист од пазарот во Кина така што ќе го направат пивото познат социјален пијалок а не само пијалок кој го пиеш за да се опијаниш.
Германија. Пивото кое се произведува во Германија било само светло пиво се до пред 500 години кога светлото пиво стана многу популарно. Нема пишани докази за тоа какво пиво постоело во минатото но, на сите им е познато дека пивото во минатото било произведено од леб.

Само уште едно пиво
Неколку начини да го искористите пивото, освен за пиење
Пиво – пијалак кој е обожуван и од жените и од мажите.
Еве неколку начини како да го употребите пивото во секојдневното живеење, ако не го пиете.
.
.

.
.
.

.

.
-
Полирање на мебел и покуќнина
Замислете колку би било поинтересно ако
чистите по дома со пиво. Тогаш, домашните обврски нема да ви
претставуваат потешкотија, нели? Пивото е одлично за полирање на
дрвенарија. Тоа на дрвото му дава сјај и здрав изглед.

-
Купка од пиво
.
-
Маринада

-
И помага на тревата да расте побрзо
.
-
Уништува полжави и штетници
.
-
Стапица за глувци
.
-
Го смирува стомакот

-
Полирање на злато
.
-
Гответе со пиво
Кога било направено првото пиво?
Токму пред мамурлакот. Шега на страна, пивото датира од времето на
житното земјоделие, за кое се верува дека започнало околу 10.000 година
п.н.е во античка Месопотамија, регион од северозападна Азија кој во
моментов е окупиран од Ирак.
Се
верува дека почетоците на алкохолот настанале кога некои фармери ја
пробале водата во која неколку дена стоел (се ферментирал) леб. Првите
верзии на пивото биле напитоци од искршени или измешани житарици кои
биле натопени и полека загревани во вода, а потоа печени и повторно
натопувани.
Најстарите податоци за подготвено пиво се забележани во епот „Гилгамеш“ (2.000 п.н.е – 3.500 п.н.е). До 2.000 година п.н.е Сумеријанците веќе имале измислено рецепти за 8 различни видови пиво направени од јачмен и други 8 за пиво од пченица. Овие мешавини биле рангирани од „јаки“, „црвено кафеави“ до „добро темни“ – и брзо потоа се појавиле насекаде.
Античките Египќани ги обожавале своите напитоци, преферирајќи пиво пред водата (која често била загадена). Египќаните со тек на време го пренесле пивото на Грците, кои тогаш го преферирале виното како нивен главен пијалак.
Факти за пивото
Дури и најискусните пивопијци може да останат изненадени до овие 24
факти кои досега не ги знаеле. Затоа, не пропуштајте да дознаете нешто
повеќе за вашиот омилен пијалок.
Можеби на следната средба со вашите пријатели, додека пиете пиво ќе им раскажете нешто ново и интересно за него. Во секој случај, ова се 24те факти кои вреди да се знаат.
1. „Пивото е доказ дека Бог не сака“ изјавил Бенџамин Френклин.
2. Житологија е наука за пивото и неговото производство.
3. Најстариот пишан доказ за производство на пивото е стар околу 5.000 години и е напишан на камена плоча во облик на песна.
4. Најстарата реклама за пиво има голема сличност со денешните – иако настанала 4.000 години пред раѓањето на Христос, прикажува жена со големи гради која држи два пехари и тврди: „Пијте Ебла пиво - пиво со срце на лав.“
5. Први професионални пивари биле жените.
6. Билката хмељ од која се добива пивото е од истото „семејство“ како и марихуаната.
7. Првиот пијан возач е забележан уште во староегипетската митологија. Легендата раскажува за кочијаш кој пијан ја прегазил слугинката на божицата Хатор.
8. Кога британските пивари одлучиле да го однесат пивото до Индија, откриле дека пивото се расипува за време на патувањето. Затоа, додавале по малку алкохол за време на патувањето кој помага да се сочува вкусот. Така настанало посебното Индиско светло пиво.
9. Постојат повеќе од 400 видови на пиво, а најголем број регистрирани се во Белгија.
10. Ценосиликофобија е страв од празна пивска чаша.
11. Пивото ги содржи сите минерали кои се потребни за преживување. Во средниот век дури и децата пиеле пиво за да го преживеат гладот кој го чувствувале.
12. Плугот, точакот и наводнувањето се измислени за поголемо производство на пиво.
13.
Девојчињата од 8 до 10 години за време на старите Инки џвакале пченка и
го плукале во големи котли полни со топла вода, од што по неколку недели
настанувало пиво.
14. Најстара пивара е Bayerische Staatsbraueire Weihenstephan, основана во 1040 година.
15. Најскапо пиво е Vielle Bon Secours. Едно шише чини околу 1.000 долари, а се продава само во Лондон.
16. Една дамнешно истражување покажало дека од умерени количини на пиво холестеролот е во најдобар ред, со што е намален ризикот од срцеви заболувања, а функцијата на мозокот е подобрена.
17. Секоја флаша пиво ја намалува можноста од настанување на камен во бубрезите за 40 проценти.
18. Пивото ја штити косата и ја подобрува апсорпцијата на калциумот.
19. Производството на пиво некогаш е сметано за неверојатно важна работа за жената, а во Перу само најубавите и највлијателните жени можеле да ја избираат таа работа.
20. Во 19 век мајките доилки морале дневно да испијат барем 7 кригли пиво бидејќи тоа се сметало дека е одлично за млекото.
21. Во Египет некогаш постоел закон со кој на мажите им било забрането да произведуваат или продаваат пиво.
22. Исто така, вавилонските жени можеле да бидат удавени доколку послужеле лошо пиво.
23. Најмногу пиво по жител се пие во Чешка, а следни се Кина и САД.
24. Првите лименки пиво се произведени во 1935 година, а пиварите кои ги направиле ги рекламирале како „пиво за носење.“

Subscribe to:
Posts (Atom)