Sunday, May 12, 2013

Неговото височество - Пивото

Пивото е најпопуларниот алкохолен пијалок кој настанува со ферментација на скробеста супстанца (житни растенија: јачмен, хмељ), кој не е дестилиран по ферментацијата. Производството на пиво и некои други алкохолни пијалоци често се нарекува превривање.       Историски, пивото е познато од Античките Египќани и Месопотанци, и датира од пред 4000 год. п.н.е., но овие пива биле сосема поинакви од денешните Скопско, Даб, Горско или Хајнекен. Поради тоа што состојките што се користат за производство на пивото се различни од место во место, особините на пивото (типот, вкусот и бојата) многу се разликуваат.

Постојат земји каде конзумацијата на пиво, помеѓу другите алкохолни пијалоци , е забранета.

Месопотамија. Овде пивото датира пред околу 4000 години. Првичниот рецепт за пиво е стар колку и Вавилонците. Се смета дека овој пијалок многу брзо се раширил на различни места почнувајќи од ловот се до развојот на  земјоделието преку ферментирањето на растенијата и финалното производство на алкохол.

Нов Зеланд. Пивото овде бил непознат пијалок се додека не бил воведен од страна на Европејците во 1800 –ите години. Првото пиво овде било направено од зелено стебло и било наменето  како лек за скорбут. Капетанот Кук сам си го правел овој пијалок уште во 1770 и функционирал.

Монголија. Во 2010 година Монголија освоила златен и сребрен медал за мешање на пивото.
Перу. Пиењето на пиво во Перу е ритуал кој секогаш се врши  во друштво, еден купува флаша пиво, става во чаша, ја префрла флашата на следниот до него, пие, го фрла остатокот на земјата, тогаш ја пренесува чашата на тој до него кој го повторува процесот. Оној кој последен ќе пие купува нова флаша.

Австралија. Сите големи пивари во Австралија ги поседуваат само три фирми. Една, која им е најпозната на Американците е Фостер која произведува само пиво за извоз.

Кина. Најголемиот пазар за пиво во светот е Кина, каде се консумира пиво повеќе од било каде. Сепак, ова не значи дека кинезите се најголемите потрошувачи, туку дека има највеќе луѓе во Кина. Пиварите кои произведуваат пиво гледаат да извлечат корист од пазарот во Кина така што ќе го направат пивото познат социјален пијалок а не само пијалок кој го пиеш за да се опијаниш.

Германија. Пивото кое се произведува во Германија било само светло пиво се до пред 500 години кога светлото пиво стана многу популарно. Нема пишани докази за тоа какво пиво постоело во минатото но, на сите им е познато дека пивото во минатото било произведено од леб.
 

No comments:

Post a Comment