Monday, May 13, 2013

Видови на пиво

Има буквално илјадници видови на пиво, затоа што комбинациите од различни житарици, хмељ, квасец и начин на производство се неограничени. Всушност постојат повеќе различни варијанти на пиво одколку на вино иако околу 90% од пивото се произведува и пие како униформиран светол lager. Пиварите се обидуваат да постигнат унифициран вкус, без варијации во зависност од годината, што е исто така карактеристично за виното. Пивото се класифицира според неколку критериуми но да не комплицираме многу, ќе ги наведеме најважните и најчестите видови на пиво.

Vidovi na pivo
 
Основната подолеба на пивото е според методот на ферментација. Според методотна ферментацијата пивата се поделени во две големи категории: Lager и Ale.


LAGER
При ферментацијата на lager пивата, квасецот се спушта на дното, ферментацијата се одвива споро и на ниска температура. Овој вид на пиво има потекло од Чешка и Баварија и традиционално се остава да стои во темни и ладни пештери, од каде и го добило името (Lägern на германски значи „се остава да одлежи“).  Има кратка историја, а тоа значи околу 200 години. Со овој метод на ферментација се добива пиво во кое нема остатоци од шеќер (пивото е суво) и има чиста арома. Денес поголемиот број на пивата спаѓаат во оваа категорија. Постојат голем број на подвидови на lager пивата, а ние ќе ги споменеме најпознатите.


Pilsner
Pilsner е lager пиво и е едно од најмладите видови на пиво во светот. За првпат е направено во Плзен, Чешка во 1842 година и веднаш станало хит. Карактерично за ова пиво е што се користи посебен вид на хмељ (saaz) кој на пивото му дава уникатна, свежа билна арома. Најдобар преставник на ова пиво секако е оригиналот Pilsner Urquell. Некои pilsner пива се екстремно суви со изразена горчина на хмељлот. Најдобар пример за овој стил на pilsner  е германското пиво Jever.


Helles
Традиционално светло пиво од Баварија. Се разликува од Pilsner пивото по поблагиот и помекиот вкус, а вкусот на хмељ не е толку остар. Одлично пиво кога е свежо.


Weissbier, Weizenbier (Пиво од жито)
Карактеристично алпско пиво, што значи дека потекнува од Австрија и Германија. Има карактеристична арома која ја добива од житото иако во него има и јачмен. Се карактеризира по тоа што е помеко и погусто од pilsner пивата но и поблаго. Не е прозирно поради тоа што житото не легнува по завршувањето на ферментацијата како јачменот. Познати Weissbier пива се: Paulaner Weissbier, Erdinger Weissbier.



ALE
Ale  е пиво кај кое квасецот ферментира на повисока температура. Пред појавата на Pilsner пивата сите пива биле правени според овој метод. Ферментацијата кај овие пива не го завршува во целост претворањето на шеќерот во алкохол, па затоа пивата се погусти и поблаги, но не се толку суви како Lager пивата. Исто така оваа ферментација не е толку „чиста“ и поради тоа се добиваат многу нуспроизводи, што на овие пива им дава значајно поголема комплексност одколку на lager пивата. Денес Ale пивата најчесто се пијат во Северна Европа и тоа најмногу во Белгија, Франција и Британскиот остров. Понекаде се пие и Lager, затоа што има потешка и покомлесна арома, што на повеќето љубители на пиво кои сакаат добро освежување не им одговора.


Белгиско манастирско пиво
Крал на сите пива. Најпознато пиво е trappist  кое се прави единствено во белгиските и холандските манастири. Од најдоброто, најдобро е пивото Westvleteren. Ова е trappist пиво кое се прави во манастир кој се наоѓа во западна Фландрија и најверојатно е единственото пиво кое нема етикета. Сите податоци се наоѓаат на тапата. Но тоа не го спречило да биде прогласено за најдобро пиво во светот во 2006 година. Пивото произведено во манастирите обично е многу тешко, комплексно и најчесто е темно. И многу е јако, најјакото пиво има околу 12% алкохол. Најдобри примери на белгиско пиво се Chimay (trappist) и Leffe (пиво од манастир).


Kriek
Уникатно белгиско пиво од околината на Брисел. Го карактеризира спонтана ферментација во отоворени садови. Ако некој сака да проба пиво како што се правело во средниот век, пред да почнат да се применуваат некои основни хигиенски стандарди тогаш треба да проба Kriek или уште подобро неговата основа – gueuze. Кога се работи за gueuze најверојатно нема ни да поверувате дека пиете пиво затоа што е кисело, релативно темно, нема горчина на хмељ и нема меурчиња. Сепак одлично освежува. А ако на gueuze му додадете и диви вишни тогаш ќе добиете kriek пиво. Овошјето малку ја ублажува киселоста на ова пиво. Најдобар пример е Belle-Vue Kriek.


Белгиски Златен Ale
Култно белгиско пиво. Светло и освежувачко исто како и lager пивото, но истовремено со комплесност на врвно ale. Ферментира три пати и тоа секогаш на различна температура. Иако изгледа јако како и секое друо пиво има 8,5% алкохол. Најдобар пример е Duvel пивото.


Stout
Англиско Ale пиво. Во процесот на правење се употребува малку кармелизиран и пржен јачмен, што на ова пиво му дава арома на чоколадо и кафе. Иако за прв пат е произведено во Лондон, светската слава ја добива во Ирска, во Даблин. Да, зборуваме за Guinness. Денес пиварата Guinness е најголемата во светот. За разлика од белгиските пива, англиски и ирските ale пива не се толку јаки, а некои од нив имаат и помал процент на алкохол од lager пивата.


Imperial Stout
Врвно stout пиво. Многу густо, темно, скоро кремасто пиво и има околу 7% алкохол. Ова пиво е  по потекло од Англија и е напревено за потребите на царска Русија. Најдобар пример е Samuel Smith’s.

No comments:

Post a Comment